Во многу мал број случеви Qualified® тестот не може да биде спроведен успешно. Тоа обични се случува кога уделот на феталната ДНК (cffDNA) е премал за да се добие резултат. Други причини за неуспешност на тестот се доколку не нѐ известите за присуството на донирани јајце клетки, потоа присуство на исчезнат близнак („vanishing twin“), како и претходно недијагностицирани (обично бенигни) хромозомски пореметувања кај мајката.
Во такви случаи препорачуваме повторно земање венска крв од мајката во нешто подоцнежна фаза од бременоста, за да се повтори Qualified® тестот.
Во најголем број од случаите, вториот примерок со крв е успешно обработен. Доколку пренаталниот тест не е успешно спроведен и по повтореното земање крв, на клиентот му се рефундира целокупната сума на пари.
Потребно е да минат 24 часа од последната примена терпија со нискомолекуларен хепарин.
Мозаицизми, парцијални трисомии и транслокации
Ниту една NIPT метода знасована на испитување на cffDNA не е во можност да утврди хромозомски мозаицизам, парцијални трисомии или транслокации.
Повеќеплодни бремености
Qualified® не е во можност да тестира хромозомски пореметувања кај 3 и повеќе плода. Во случаи на тројки и повеќеплодни бремености се препорачува инвазивна метода.