Дауновиот синдром е еден од најчестите хромозомски абнормалности кај луѓето. Родителите на деца со Даунов синдром се главно, генетски здраво. Во најголем процент на случаи Дауновиот синдром не е наследен. Единствено ако еден од родителите е идентификуван како носител на Робертсонова транслокација која го вкучува 21. хромозом (што се јавува ви 3-4% од случаевите), Дануновиот синдром е наследен синдром.

Во семејствата во кои имало деца со Даунов синдром, веројатноста за повторно јавување е 1:100.

Ризикот од раѓање дете со Даунов синдром се зголемува со староста на жената – од околу 1 во 1250 деца кај 25-годишни трудници, до околу 1 од 100 деца кај 40-годишни труцници. Сепак, најголемиот број деца со Даунов синдром ги раѓаат жени под 35 години старост поради тоа што младите жени повеќе раѓаат.