Најчести прашања и одговори

Најчести прашања и одговори

Од која недела од бременоста може да се прави Qualified® пренаталниот тест?

Кои сè трудници можат да го направат Qualified® тестот?

  • Едноплподни бремености
  • Близначни бремености
  • Бремености од IVF (ВТО) процедури
  • Бремености со донорска јајце клетка

Каде се прави тестот?

Тестот го изведува лабораторијата BioRep® од Италија, која се наоѓа во Милано.

Колку долго чекам за резултат од тестот?

Резултатот Ви го соопштуваме од 3 до 5 работни дена, од моментот на пристигнување на примерокот во лабораторија.

Колку е тестот прецизен?

Преку употребата на технологија базирана на cffDNA, Qualified пренаталниот тест може да идентификува повеќе од 99,9% од бременостите до Даунов синдром. Статистичките скрининг тестови за Даунов синдром (double, triple) можат да пропуштат и до 15% од бременостите со Даунов синдром.

Qualified пренаталниот тест во споредба со статистичките пренатални тестови за Даунов синдром дава далеку помалку лажно негативни резултати, што значи дека е помала потребата за инвазицен тест како што е амниоцинтезата.

Qualified пренаталниот тест е скрининг тест. Позитивните резултати потребно е да се потврдат преку дијагностички тестови како амниоцинтеза, хорион биопсија или кордоцинтеза.

Дали е Qualified® сигурен за мене и моето бебе?

Да, во прашање е едноставно земање крв, во било кој дел од денот, независно од внесот на храна, пијалоци или суплементации.

Како да знам дали Qualified® тестот е правиот тест за мене?

Неинвазивниот пренатален тест е потребен за сите трудници кои во моментот на породување имаат 35 или повеќе години. Се препорачува и кај трудници кои имале спонтан абортус или плод со генетска аномалија во претходна бременост. Исто така, можат да го направат и трудници кои имаат страв од инваизивни процедури како што се амниоцинтезата или хорион биопсијата.

Дали Qualified® тестот може да тестира бремености од IVF (ВТО) програми?

Да, Qualified® тестот може да тестира и бремености кои се зачнати преку вонтелесно оплодување.

Дали нормален резултат на тестот значи дека моето бебе е потполно здраво?

Не постои тест кој може да гарантира дека бебето ќе биде во целост здраво. Исто така, било кој тест не ги тестира сите генетски аномалии кои можат да се јават кај плодот. Неопходно е генетско советување и пред и по тестирањето, заедно со задолжителен редовен ултразвучен преглед кај надлежниот гинеколог.

Како Qualified® пренаталното тестирање функционира?

Кога сте трудна, во Вашата крв покрај Вашата ДНК се наоѓаат и делови од ДНК од Вашата плацента која се развива. Qualified® пренаталниот тест ја анализира токму таа фетална фракција за да го утврди здравјето на Вашето бебе со голема сигурност исклучувајќи ја веројатноста за Даунов, Едварсов и Патау синдромот, како и за останатите аномалии на останатите хромозоми, микроделеции и дупликации.

Како Qualified® пренаталниот тест се разликува од останатите скрининг тестови за Даунов синдром?

Qualified® пренаталниот тест дава јасни одговори уште во првиот триместар по едноставно вадење крв. Другите скрининг тестови за Даунов синдром се изведуваат подоцна во бременоста и побаруваат неколку посети на лекар. Ризикот се проценува преку комбинирање на повеќе неспецифични параметри. Некои од нив се годините на трудницата, поединечни ултразвучни мерки, концентрација на free-bhcg и PAPP. Статистичките скрининг тестови во текот на 1. триместар се поврзани со лажно позитивна стапка и до 5%. 

Qualified® пренаталниот тест користи единствен метод на целна анализа на ДНК која се комбинира со контрола на квалитетот и постигнува преку 99% детекциона стапка и стапка на лажно позитивни резултати помала од 0, 1%.

Дали би требало да размислувам за Qualified® тестот ако имам помалу од 35 години?

Да. Насоките од професионалните здруженија ја поддржуваат опцијата за изведување на неинвазивни пренаталани тестови за општа популација. Qualified® пренаталниот тест е темелно проверен кај жени под и над 35 години старост. Поголемиот дел од бебињата со Даунов синдром се раѓаат кај трудници кои имаат под 35 години иако ризикот за Даунов синдром е зголемен кај трудниците над 35 години. 

Кога можам да го направам Qualified® тестот?

Веќе од навршена 10. недела од бременоста можете да го направите Qualified пренаталниот тест, преку едноставно земање на крв од мајката. 

Очекувам близнаци. Дали можам да го направам Qualified® пренаталниот тест?

Qualified® пренаталниот тест може да е направи и кај близначни бремености, во опцијата 45, 180 и 360 Qualified. Во овој случај половите на бебињата ги толкуваме на следниот начин. Доколку постои Y хромозом, значи дека барем едно од бебињата е со машки пол.- Доколку не се евидентира присуство на Y хромозомот, двете бебиња се девојчиња.

Sign In