Зошто да го изберете Qualified® тестот?

Зошто да го изберете Qualified® тестот?

Ризикот за Даунов синдрим кај трудници со старост од 35 години изнесуа 1:360

Зошто да го изберете Qualified® пренаталниот тест?

  • -        Прецизен преку 99.9%, феталната фракција се анализира со најсовремена 4.0 технологија
  •    Сеопфатен. Сите делеции и дупликации (CNVs) ≥ 7Mb и микроделеции 1-7Mb (сите 23).
  •    Без ризик, нема опасност по здравјето на мајката и бебето.
  •    Не сте сами. Тестот се изведува низ консултации со стручниот тим.
  •    Брз. Резултати за 2 до 3 работни дена од прием во лабораторија.
  •          Погоден. Се изведува кај близначни и ВТО бремености.
  •          На секои 6 минути по една трудница го избира Qualified®  пренаталниот тест

Висока стапка на успешност

 Во 99,4% од случаите Qualified тестот дава резултат за генетските синдроми.

Веројатноста дали анализата на Qualified® тестот може да биде спроведена успешно или не, во голем дел зависи од тоа колку слободно-циркулирачка фетална ДНК (cffDNA) има присутно во мајчината крв. Процентот на cffDNA зависи од неделата на бременост (колку е бременоста помала, толку cffDNA е присутна во помал процент), како и од тежината на мајката (колку е поголема тежината на мајката, толку помалку ќе биде изолирана бебешка cffDNA).

Удел на слободно-циркулирачка фетална ДНК

За да се утврди одредено хромзомско пореметување кај фетусот, уделот на слободно-циркулирачката фетална ДНК (cffDNA) (“фетална фракција”) во крвта на мајката мора да изнесува најмалку 2%. Qualified® тестот може да се направи од навршени 9. недели бременост (ГН 9+0), затоа што уделот на фетална ДНК во мајчината крв расте со одминувањето на бременоста. До 21.недела од бременоста уделот на бебешката ДНК од недела во недела се зголемува за 0,1%, додека по 21. гестациска недела се зголемува за 1,1%.

 

Партнерската лабораторија ја мери “фетална фракција”  при спроведувањето на секој Qualified® пренатален тест. Доколку феталната фракција е под 2%, не може да се спороведе евалуација на тестот. Bio Save тогаш добива известување од лабораторијата во Италија дека нешто подоцна е потребно да се достави нов примерок и за тоа ја известува клиентката.

Високо квалификуван тим од лекари за дијагноза и советување

Тимот во партнерската лабораторијата е сочинет од високо квалификувани лекари и научници, вклучувајќи и специјалисти по хумана генетика, лабораториска медицина, гинекологија и акушерство.

Нашиот тим во партнерската лабораторија и Bio Save тимот ќе бидат среќни да одговорат на Вашите прашања повврзани за пренатална дијагностика, NIPT, како и толкување на Qualified® пренаталниот тест.

Sign In