Qualified® тестот може да се прави најрано од навршена 9. недела од бременоста (од недела 9+0).
Пред спроведување на Qualified® тестот Вашиот гинеколог би требало да Ви направи ултразвучен преглед за да се утврди гестациската недела. Потребно е да се утврди дали се работи за едноплодна или повеќеплодна бременост.
Би требало и да се посоветувате со својот лекар која опција од Qualified® тестот е најпогодна за Вас, а медицинскиот соработник од Bio Save исто така ќе Ве информира за целокупниот Qualified® тест.