Постојат три можни резултати на Qualified® пренаталниот тест:
Резулат со висок ризик. Тоа значи дека веројатноста за хромозомска аномалија е поголема од вообичаено. Тогаш се препорачуваат дополнителни тестирања.
Резултат со низок ризик. Тоа значи дека ризикот за хромозомски аномалии е низок за аномалиите кои тестот ги проверил. Се препорачуваат вообичаени постапки за понатамошно водење на бременоста.
Без резултати. Во мал процент случаеви Qualified® тестот неможе да издаде резултат. Тука може да се препорача дополнително земање крв и повторно тестирање или дијагностичко тестирање. Веројатноста дали анализата на Qualified® тестот може да биде спроведена успешно или не, во голем дел зависи од тоа колку слободно-циркулирачка фетална ДНК (cffDNA) е присутна во мајчината крв. Процентот на cffDNA зависи и од неделата на бременост (колку е бременоста порана, толку cffDNA е присутна во помал процент), како и од тежината на мајката (колку е поголема тежината на мајката, толку помалку ќе биде пронајдена бебешка cffDNA).